Македонија АНАЛИЗА

Старт на смисленото сценарио за дестабилизација на СДСМ и ДУИ

Дали сега ДУИ ќе протестира за уапсените за сквернавењето на македонското државно знаме? Аналитичарите согласни, она што се случуваше на скопските улици не делуваше на спонтан собир. Креаторите на сценариото треба да одговараат пред законот, а не политички да поентираат од вандализам и местенки, ценат познавачите на состојбите за КУРИР. Самиот чин кога на прослава на албанското знаме носите македонско знаме и го уништувате, укажува на претходна умисла и план за правење на инцидент со цел разгорување меѓуетнички тензии, факт кој дава поинаква слика од стихијната и наведува на нечие сценарио. Наместо најава за протести и дестабилизација, бидејќи очигледно нема сила ниту поддршка за изведба на истите на терен, дали ДУИ ги користи албанските празници за да донесе етнички конфликти и провокација? ДА, е кусиот одговор на јавноста.

Старт на смисленото сценарио за дестабилизација на СДСМ и ДУИ

Дали следен чекор е ДУИ да поттикне и поддржи протести за уапсените за сквернавењето на македонското државно знаме? Ќе го „бере ли плодот“ на сопствениот „труд“ и местенка?

Се спроведува ли смислено сценарио за протести и конфликти, склепано набрзина во кујните на Мала Речица и на Бихаќка? Дали ДУИ ги исценира и  добива евтини поени со нападите врз власта, а  СДСМ немалку случајно долева масло на огнот и ја обвинува полицијата за лоша реакција, амнестирајќи ги со тоа директно актерите на Ахмети? Аналитичарите согласни, она што се случуваше на скопските улици не делуваше на спонтан собир. Креаторите на сценариото треба да одговараат пред законот, а не политички да поентираат од вандализам и местенки, ценат познавачите на сосотјбите за КУРИР.

Наместо најава за протестите, бидејќи очигледно нема сила ниту поддршка за изведба на истите на терен, ДУИ ги користи албанските празници за да донесе етнички конфликти и провокација. Ова е начинот на кој тие привлекуваат внимание во желба да дојдат на власт, смета јавноста.

Премиерот Христијан Мицкоски уште пред неколку месеци предупредуваше на вакво сценарио. Потенцираше дека има индиции оти високи функционери во поранешни влади се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички конфликт. Без да посочува имиња, тој вели дека „тоа го прават елементи кои располагаат со огромни милионски суми на пари“.

-Дел од нив се високи функционери во поранешни влади, коишто се обидуваат да мобилизираат луѓе на терен, во најголемиот дел да манипулираат, а она што мене посебно ме загрижува, се обидуваат да провоцираат етнички конфликт, односно да ја дестабилизираат меѓуетничката хармонија во Македонија. Тоа е најмногу што ме вознемирува, бидејќи сфаќаат дека на друг начин не можат да мобилизираат луѓе, единствениот начин е да испровоцираат ваков тип конфликт. Тоа нема да го дозволиме. Порано или подоцна, сторителите на вакви провокации ќе одговараат, изјава Мицкоски на 15 август.

Со автомобили со развеани знамиња по улиците на Скопје, како и во други градови во земјата каде мнозинството граѓани се етнички Албанци, вчера и синоќа се одбележуваше Денот на албанското знаме. На видео снимки кои синоќа беа објавени од медиумите и граѓани се гледа како се кине македонското знаме и како врз него минува автомобил. Самиот чин кога на прослава на албанското знаме носите македонско знаме и го уништувате, укажува на претходна умисла и план за правење на инцидент и разгорување меѓуетнички тензии, факт кој дава поинаква слика од стихијната и наведува на нечие сценарио.

Ова според аналитичарот и колумнист Александар Ристевски, не е случајност.

-Едноставно, ова не беше случајно, а полицијата и обвинителството треба да реагираат и некој да сноси одговорност за овие провокации и немири, вели во изјава за КУРИР, Ристевски и додава:

-Треба да се дознае чие сенарио е ова. Ова дефинитивно не делуваше на спонтан собир, додава Ристевски.

Ристевски меѓудругото, утрово реагираше и на својата Фејсбук страница, каде што вели дека повеќе од очигледно дека се прави сценарио за подривање на системот и креирање вештачка меѓуетничка тензија.

Јас сум поборник на тоа дека полицијата и обвинителството секогаш треба да бидат строги и одважни кога се во прашање бранењето на државните интереси, но и на деца, жени и други ранливи групи и обесправени лица. Но понекогаш, кога е повеќе од очигледно дека се прави сценарио за подривање на системот и креирање вештачка меќуетничка тензија, праксата потврдува дека утрото е помурдо од ноќта. Снимки има илјада, верувам дека во деновите кои следат, сите ќе дознаеме чија идеја и план беше она вчера и ноќва низ повеќе градови. Дечки, не иде вака! Срамота, еј! Цел свет гледа, и на сите ни се смее. Вакви финти не проаѓаат, пишува во својата реакција на Фејсбук колумнистот Александар Ристевски.

Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов, вели дека ако има во ова политичка позадина, ги осудува политичките актери, евентуално ако стојат зад ова и смета дека не се дораснати да дејствуваат на јавната политичка сцена во Македонија.

-Во врска со вчерашното сквернавење, палење и газење со автомобил од страна на луѓе што прославуваат ден на Албанското знаме, а го сквернавеа Македонското знаме, можам да кажам дека сум згрозен и најостро го осудувам тој вандалски, нецивилизиран чин против основниот симобл на државноста, на историјата и на културата, на традицијата на Македонија. Кој и да го направил тоа треба да одговара, треба да се спроведе итна постапка, да бидат откриени сторителите, процесуирани и најстрого казнети. Знаме на држава, знаме на Македонија може само гордо да биде веено, бидејќи тоа е симбол со кој сите се гордееме и не обединува. Вакви вандалски и нецивилизирани гестови само прават раздор во Македонија помеѓу граѓаните, по етничка основа и не е добро за Македонија. Ако има во ова политичка позадина, уште полошо, ги осудувам тогаш и политичките актери, евентуално ако стојат зад ова и лично мислам дека не се дораснати да дејствуваат на јавната политичка сцена во Македонија во 21 век во третата декада негова, потенцира Костов.

Реагирала или не македонската полиција при вчерашните инциденти по скопските улици? Ова е дилемата која се поставува кога ќе ги видите реакците на ДУИ и СДСМ. Првите тврдат дека вандалот го искинал македонското знаме токму заради острата полициска реакција, СДСМ пак обвинува дека немало полициска реакција? Како тоа партијата на Ахмети виде реакција на полицијата, а онаа на Филипче децидно реагира дека ја немало? Или, поверојатно, кому – како одговара, па некој некрофилски поентира од вандализмот врз знамето?

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.

Во соопштение полно со хипокризија, партијата на Ахмети ја обвини полицијата дека е виновна за вандалскиот чин во кој сторителот се изживува со македонското државно знаме. Вистинскиот проблем е што за оние кои беа присутни на „прославата на албанското знаме“ на скопските улици, беше повеќе од видлив печатот на опоизциската албанска партија која никако да се помири дека е во опозиција. Само сетете се на катадневните најави за „дестабилизација“ од страна на Ахмети. А, подобро искористување и инфилтрација за дневно-политички поени и создавање немир кај граѓаните од вчерашниот настан, немаше, нели?.

„Недостигаше само уште да замафтаат со партиските знаменца и да ги покажат маичките од митинзи под јакните“. Ова е личен впечаток на очевидец на настанот, кој во сведоштвото за КУРИР вели дека – за жал, бил сведок на вчерашното агресивно и анционал-шовинистичко дивеење по скопските улици, настан кој предизвикла силен револт и бес кај него.

Дволичноста на ДУИ еруптира во моментот кога по осудата на полицијата, во вториот дел од соопштението го осудуваат и чинот на изживување со државниот симбол.

Истовремено, СДСМ пак цело утро ја напаѓа владата, МВР, министерот Тошковски и премиерот Мицкоски за недостиг на полициска реакција:

„Министерството за внатрешни работи, предводено од министерот Панче Тошковски, очигледно целосно потфрли во превенцијата и контролата на ситуацијата. Граѓаните имаат право да прашаат – зошто полицијата не беше присутна и зошто немаше брза и одлучна интервенција за спречување на овие инциденти?“ се вели во соопштението на СДСМ.

Опозициската какафонија е повеќе од очигледна, исто како и намерата инцидентот да се пренасочи на „сопствената воденица“. Политизацијата и евтините дневно политички поени одамна се македонско секојдневие, исто како и евтинотијата, проѕирноста и патетиката во опозициското дејствување во изминатите пет месеци. Очигледно е дека многу им недостига власта, премногу. А, Македонија, таа никогаш и не им била битна…

Министерството за внатрешни работи со брза реакција- за овој инцидент уапсени се 4 лица!

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на денешната прес конференција информираше дека за вчерашните инциденти со македонското знаме уапсени се 4 лица, меѓу кои еден малолетник.

-Во текот на вчерашниот ден, се случија одредени настани, беа насочени кон достоинството ма македонските граѓани. Вакви дејствија на поедни групи во Скопје не се дозволиви. МВР одговори максимално брзо, нема да да дозволиме ваков вид нба дејствија и подгорување на меѓуетнички тензии. Во текот на вечерта се целосно расветлени повеќе случаи, а некои делумно, Уапсени се 8 лица од страна на полицијата. Четири лица меѓу кои и малолетник за сквернарење на македонското знаме, информираше министерот Тошковски.

Најнови вести од Македонија

To top