Политичките профитери од Левица поднесоа интерпелација за Тошковски и од истата прв избега нивниот претседател Димче Апасиев, вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска.
-Бараат политичка одговорност без претходно институциите да ја завршат истрагата. Бараат политичка одговорност за да спречат инспекциски надзор, внатрешна контрола, дисциплински постапки, бараат правда да нема! Правда ќе има, тоа е сигурно! Нека почнат Димче да го бараат, него го нема, рече таа.