Македонија марта призна во април

СПМ: Изјавата на Марта Кос е најава за нови бугарски блокади

Изминатите 20 години Република Македонија направи отстапки кои од ниту една друга држава не се побарани за да стане земја членка на ЕУ. И покрај тоа, на Македонија ѝ се наметнуваат нови билатерални прашања кои се под форма на европски барања, а кои не се содржани во Копенхагеншките критериуми за прием во ЕУ…

СПМ: Изјавата на Марта Кос е најава за нови бугарски блокади

Ваквата изјава на еврокомесарката за проширување за неможноста за давање гаранции за евроинтегративниот процес на Македонија ја оценуваме како најава за натамошни бугарски блокади и уцени кои може да се очекуваат во иднина, реагира Социјалистичката партија на Македонија, која е дел од владејачката коалиција.

„Изминатите 20 години Република Македонија направи отстапки кои од ниту една друга држава не се побарани за да стане земја членка на ЕУ. И покрај тоа, на Македонија ѝ се наметнуваат нови билатерални прашања кои се под форма на европски барања, а кои не се содржани во Копенхагеншките критериуми за прием во ЕУ. Таквиот однос отстапува од досегашната практика на прием на држави членки во ЕУ кои имаа многу посериозни проблеми во периодот на приемот, но од нив не беа побарани никакви отстапки“ – се вели во реакцијата на Социјалистичката партија.

 

Најнови вести од Македонија

To top