Собранието денеска треба да одржи продолжение на 53 седница со расправа по неколку предлог закони, меѓу кои и Предлог законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.
Во преостанатите точки на дневен ред на седницата се Предлог на законот за поддршка на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани и на членовите на нивните семејства, во прво читање, предложен од пратеници од СДСМ, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за шумите, прво читање, Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2026 – 2030 година.
На продлжението на 53. седница пратениците треба да дебатираат и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, и Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, второ читање.