Македонија пред летните одмори

Се санираат длабнатините на дел од автопатот на делницата Велес – Градско

Санацијата ќе се одвива од двете страни на мостот, влезот и излезот, а исто така ќе се санираат и ударните дупки.

Се санираат длабнатините на дел од автопатот на делницата Велес – Градско

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека е отпочната санација на нерамините долж Коридорот 10 заради зголемување на безбедноста во сообраќајот кој станува значително фреквентен во пресрет на летото и годишните одмори кога нашата земја е една главните транзитни рути на голем број туристи од странство.

Во таа насока, ЈПДП го задолжи ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта “Македонија пат” да интервенира и да отпочне со санација на нерамнините на автопатот на делницата Велес – Градско на мостот после бензиската пумпа “Дади”. Санацијата ќе се одвива од двете страни на мостот, влезот и излезот, а исто така ќе се санираат и ударните дупки.

ЈП за државни патишта

-Сакаме да известиме дека претходно ги саниравме и нерамнините на дел од регионален пат Фурка – Дојран, а во текот на денешниот ден ќе се санираат и нерамнините на патот Гостивар-Стража, поточно ќе се санира дел од исклучокот којшто води кон Маврово. И овие градежните активности се изведуваат преку ЈП за оддржување и заштита на регионалните и магистрални патишта “Македонија пат”, информираат од ЈПДП.

ЈПДП апелира до сите учесници во сообраќајот на наведените патни правци да возат внимателно и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Инвестирањето во нова патна инфраструктура е особено важно, но исто толку важно е и оддржувањето на веќе изградената патната мрежа.

Најнови вести од Македонија

To top