Во пресрет на една година од владеењето на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ е актуелна во јавноста само и само на темата за трагедијата во Кочани. Да не беше таа трагедија за СДСМ можеби ќе слушневме само дека Венко бил на концерт во Дубаи на Харис Џиновиќ, чисто да се релаксира пред да направи увид на бизнисите на новопечениот шеик, Зоран Заев.
Но, она што повеќе загрижува е тоа што СДСМ живее од трагедија до трагедија.
За нив нема ништо свето, а телото на покојните од секоја трагедија е цел на мршојадците од нивниот табор. Но, тоа е мантра бидејќи они и никогаш немале што да понудат за македонските граѓани.
Они можат само да одземат, знаме, име, идентитет.
Архитектите на криминалот и транзицијата се ситеа во 2001 и ловеа политички поени кога македонските бранители ги положуваа своите животи.
Така беше и за трагедијата во Охрид кои ги снајде бугарските туристи, но така беше и за Мартин Нешковски, Диво Насеље итн.
За секој паднат херој и несреќен случај кои како причини се корупцијата кои ја насадија точно СДСМ, суштината на нивното политичкото битисување е смрт, мртвило, црнила.
Во нивната агенда има само отров.
Партијата која остави све живо на улица во 90′ денес зборува за принципи.
Колку луѓе починаа тогаш?
Колку ли луѓе се починати во случајот Онколгија?
Колку ли луѓе починаа индиректно од промена на името и знамето?
Колку ли луѓе ги оставија своите коски во туѓина заради нивните политики?
Отровот кој го пуштаат од СДСМ за трагедијата во Кочани, но и за сите претходни ги направија трет политички субјект, а за многу брзо од денес и партија која нема да има ниту едно градоначалничко место.
Отровот полека го труе СДСМ од внатре и СДСМ се самоубива.
Апсењето на Александар Нацев без да преудицираме за вина или не е само доказ дека овој пат нема милост за никој кој се огрешил.
Во превод Dura lex sed Lex или Законот е груб, но е закон.
Милан Стефаноски