ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје информира дека Одделот за Психофизиологија, со реновирање на простории земени на користење во рамките на Мајчин дом, ги прошири своите просторни капацитети, со што значително се унапредуваат условите за работа и за обезбедување на услуги за децата со развојни тешкотии и нивните семејства.
Со проширувањето се овозможува подобра организација на дијагностичките и терапевтските активности, како и обезбедување посеопфатна стручна поддршка во областа на детскиот развој. Новите простории овозможуваат попријатна и пофункционална средина за работа на стручниот тим и за престој на пациентите, истакнаа од клиниката.
Овој чекор претставува значаен придонес кон континуираното унапредување на квалитетот на здравствената заштита, со фокус на раната детекција, навремената интервенција и сеопфатната грижа за менталното и развојното здравје на децата со заостанување во психомоторниот развој и аутизам, додаваат во соопштението.
Ова проширување е реализирано благодарение на донации. ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје изразува искрена благодарност до сите донатори и поединци кои со својата поддршка кои придонесоа за реализација на оваа значајна иницијатива. А воедно упатија искрена благодарност до Владата, Министерството за здравство и до сите донатори, се наведува во соопштението од ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје.
ЈЗУ Клиника за детски болести-Скопје со особено задоволство и гордост информира дека Одделот за Психофизиологија, со…
Posted by Клиника за детски болести Скопје I Klinika për sëmundje të fëmijëve Shkup on Thursday, March 12, 2026