Македонија во Валандовско

Приведен возач, возел со 97 км/час на место каде е дозволено 40

Приведен возач, возел со 97 км/час на место каде е дозволено 40

На 22.05.2025 во 09.30 часот во село Јосифово, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишија од слобода А.Р.(33) од село Банско, струмичко.

-При сообраќајна контрола, полициские службеници констатирале дека А.Р. управува моторно возило со брзина од 97 километри на час на место каде што брзината на движење е ограничена на 40 километри на час, информира МВР.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот против А.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Најнови вести од Македонија

To top