Македонија преживеани, пожарникари

Пред 27 години доживеале иста трагедија: Тим од Шведска доаѓа во Кочани за споделување искуства и сила

Пред 27 години доживеале иста трагедија: Тим од Шведска доаѓа во Кочани за споделување искуства и сила

Support Kocani објавија дека од 16-18 јуни во Кочани ќе дојде тим од Гетеборг, Шведска.

Седумчлената делегација од Шведска поминала низ слична трагедија и болка, пожар во дискотека со 63 човечки загуби. Во тимот кој доаѓа има социјални работнички, пожарникари и преживеани. Целта е да се споделат искуства, да се сподели силa, но и да се даде надеж.

Како лицата кои пред 27 години поминале низ ваква болка, се справиле со реалноста и повторно нашле надеж.

-Запознајте го тимот од Гетеборг – сведоци на болка, но симболи на сила. Тие не доаѓаат во Кочани само како делегација, туку како луѓе што пред 27 години во пожар на дискотека го поминале најтешкото и научиле како од болката се раѓа надеж. Тимот на Support Кочани со гордост и отворени срца ги пречекува – за да споделиме искуства, сила и да градиме мостови на солидарност, објавија од Support Кочани.

Најнови вести од Македонија

To top