После шест години изживување, малтретирање и политички прогон врз поранешните министри Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски, екс собранискиот спикер Трајко Велјановски како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кои се гонеа како организатори на собраниските настани од 27 април, Кривичниот суд им ги усвои барањата за амнестија и тие се одлободени од вина, објави Алфа.
Судијата Илија Трпков во говор од половина час ги критикуваше поранешните функционери за непатриоско однесување презентирајќи им видео снимки од настаните во Собранието од 2017-та година. Трпков се уште стои на ставот дека постојат организатори за тепањето и кршењето во Собранието, а обвинетите, наместо да докажат дека се невини, побарале милост од државата. Сепак бидејќи Обвинитеството и Апелација не мислат така, тој морал да ги амнестира иако судот ја носи конечната одлука.
И покрај тоа што обвинителството не побара да се примени Законот за амнестија за екс директрот на УБК Владимир Атанасовски сепак судот го прифати неговото барање и го амнестираше.
Адвокатите на обвинетите поранешни функционери велат дека по 6 години изживување и политички прогон судот конечно постапил правилно, иако според нив не ни требало да се покрене обвинение за овој случај. Побараа државата да истражи кои се вистинските организатори.
Денешната одлука на Кривичниот суд следува откако пред еден месец Јавното обвинителство за органиран криминал побара да се примени Законот за амнестија против тројца обвинети во овој предмет. Минатата, година истото го побара и Апелација откако ја укина првостепената пресуда и ја врати на повторно опдлучување бидејќи имало недоречености во пресудата во која не се земал во предвид Законот за амнестија од 2018 година.
Со првостепената пресуда од 2021-ва година за сите четворица обвинети во случајт беа досудени 25 години затвор. Екс собранискиот спикер беше осуден ан 6 ипол години, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристевски на 6 год и 3 месеци, а екс директорот на УБК на 6 години затвор. Јанакиевски и Ристовски добија и пресуда од Стразбур за нивно кршење на човекови права. Тие преживеа тортури и физички напади додека лежеа во притовр за овој случај.