Македонија

Пецаков: Во првата година од новата Влада покажавме во каква Македонија сакаме да живееме, со многу проекти во интерес за граѓаните

Пецаков: Во првата година од новата Влада покажавме во каква Македонија сакаме да живееме, со многу проекти во интерес за граѓаните

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков денеска оствари средба со ресенчани.

Пецаков истакна дека доаѓа времето на Македонија, а помината е една гдодина од поставување темели во инфраструктурата и реализирање на повеќе инфраструктурни проекти кои што во минатото беа отпочнати, но и отпочнување на нови проекти коишто се од суштинско значење на граѓаните.

-Во спортот се отпочнати блокирани проекти како што се 5-те базени, повеќе мултифункционални игралишта и спортски сали низ Македонија. Кај пензионерите веќе ветените 5 илјади денари пристигнаа на сметките и тоа беше едно најголемите ветувања на нас како нова Влада во Република Македонија. Секако дека тука се и интервенциите во земјоделието со исплатени преку 9 милијарди денари заостанати субвенции од 2020-2021 година. Зголемување на субвенциите за раноградинарските култури, тутунот и сето она кое што е битно за подобрување на условите во земјоделието.

Оваа прва година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ претставува показател за тоа каква држава Македонија заслужува да биде и за каква држава ќе работиме во иднина и понатаму, посочува Пецаков.

 

Најнови вести од Македонија

To top