Македонија Министерство за транспорт

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај, Николоски и Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото.

Патот од Подмоље до Охрид од вечерва ќе се пушти за сообраќај, Николоски и Трајановски извршија увид во изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Од вечерва ќе се пушти за сообраќај за сите возила делницата од Подмоље до Охрид, како дел од автопатот Кичево-Охрид.

По тој повод вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трaјановски, денеска извршија увид во изградбата на оваа делница.

Констатирано беше дека изградбата на автопатот се одвива според договорената динамика и покрај бројните проблеми во минатото.

Градбата на автопатот Охрид- Кичево беше во целосен застој во време на СДСМ и ДУИ, цели 7 години не се работеше ништо. Со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт почна да се работи со полна динамика и се очекува до крајот на 2026 целиот автопат Охрид- Кичево да се пушти во функција, велат од Министерство за транспорт.

Делницата Подмоље – Охрид беше затворена за сообраќај според одобрен времен режим се со цел да се комплетира нејзината изградба. Во меѓувреме сообраќајот се одвиваше со стариот регионален пат.

Најнови вести од Македонија

To top