Македонија НАТКАСТ

Панова: Институциите постапуваат без притисок, ние немаме долгови и багаж

-Граѓаните се охрабрени да пријавуваат криминал. Народот почнува да има доза на доверба и пријавуваат, да придонесе и тоа да биде опомена, да биде страв дека во иднина секој кој се огрешил пред законот, ќе одговара, порача Панова.

Панова: Институциите постапуваат без притисок, ние немаме долгови и багаж

„Институциите се охрабрени и сакаат да ја истераат оваа истрага како што треба, но кога ќе стигнеме до моментот каде треба да одлучува обвинителството и судот, ние имаме резерва, скепса, затоа што таму уште се насадени одредени луѓе од СДСМ. Не можам да кажам дека сите се должници или имаат врски со политиката, но има луѓе кои таму се заштитници на времето на СДСМ и ДУИ и мислам дека се решени да се борат да издејствуваат и да го вратат долгот кој што го имаат кон политиката, кон ДУИ и СДСМ“.

Ова во гостувањето на НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски синоќа го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова.

-Зошто постапуваат институциите? Заради тоа што немаат притисок. Досега, за промена, немаат притисок. Никој не им се јавува „овој не смее да биде опфатен, оној не смее или овој мора да биде опфатен“. Од друга страна, граѓаните пријавуваат, граѓаните будно ја следат состојбата во сите институции. Граѓаните се охрабрени да пријавуваат криминал. Народот почнува да има доза на доверба и пријавуваат, да придонесе и тоа да биде опомена, да биде страв дека во иднина секој кој се огрешил пред законот, ќе одговара, порача Панова.

Пратеничката порача дека оваа власт бескомпромисно се бори затоа што никому не се должници и како што рече „немаат багаж“.

-Немаме долгови, немаме багаж. Немаме направено ништо лошо во минатото. Ние доаѓаме од нашитесредини, моите сограѓани добро ме познаваат, моите намерти и зошто јас сум влегла во политиката. Мене апсолутно никој не може да ми влијае да донесам одлука која е спротивна на моето лично убедување и уверување, истакна таа.

Целото нејзино гостување погледнете го во видеото во продолжение

Најнови вести од Македонија

To top