Македонија Насушна потреба од ремонт во судството

Пандовски од Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Пандовски од Транспаренси: Падот на индексот се должи на лошата работа на Судскиот совет, Академијата за судии и корумпираните судии и обвинители

Новиот индекс на Транспаренси Интернејшнл е уште еден доказ дека е потребен сериозен ремонт во судството и обвинителството, оправдувајќи ја конкретно и владината иницијатива за разрешување на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Корумпираниот правосуден систем е директна причина што Македонија „падна“ за 12 позиции или 2 индексни поени во минатата година. Падот е причинет најмногу заради Судскиот совет, Академијата за судии и многуте афери со корумпирани судии. Ова го потврди директно и претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

Овие негативни резултати се последица на големиот број скандали кои се случија минатата година, а особено во областа на судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители. Индициите за политичко влијание на судството, лошата контрола на Судскиот совет кој ја врши врз судиите и 40-те препораки на Оценската мисија на ЕУ, кршењето на законот со изборот на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители за време на избори, се само дел од скандалите што го тресеа судството. Минатата година имавме и докажан случај на корупција на еден врховен судија, разрешување на кривичен судија од кавадаречкиот суд кој се слушнал 97 пати со обвинет на кого му судел и уште неколку случаи кои што се само загребување на површината на судството во кое граѓаните очигледно немаат доверба, изјави Пандовски.

Слична е состојбата, продолжи Пандовски и во Обвинителството, кое не е ажурно во гонењето на високата корупција и не ги процесуира иницијативите добиени од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во меѓувреме, опозициските медиуми вестa за падот на Македонија на листата на Транспаренси ја насочија директно кон новата Влада, заборавајќи и замижувајќи на јасно предочените факти од директорот на Транспаренси Интернешнл Македонија за вината лоцирана во судството и обвинителството, ширејќи лажни вести  и народски кажано „терајќи ја водата на својата воденица“. Воденица која по укинувањето на УСАИД, ќе има сериозен проблем со финансирањето на воденичарите…

Новата влада е на позиција 7 месеци, за кои уапси и отвори случаи за десетици функционери од минатата власт, судии и бизнисмени. Меѓу нив се Артан Груби, Димитар Ковачевски, Пеце Мирчески, Дрин Ахмети, Васко Ковачевски, Енвер Беџети, Наумче Мојсоски, директори на ФИТР, ЕСМ, СОЗР и други високопозиционирани партијци од СДСМ и ДУИ. Министерства кои трошеле 20 илјади евра дневно за ќебапи, каде стотици вработени работеле од странство, функционери кои лажеле дека се новинари за да престојуваат во скапи хотели… Нејсе што ЈО се прави на„Тошо“ и голем дел од ОВИЕ СЛУЧАИ чува во фиоките и не ги процесуира. Уште понастрана партизираното судство кое исто така „свирка“ и гледа на страна. Самото тоа, самата акција против корумпираните политичари и судии, велат познавачите, делува психолошки кај граѓаните на свесноста за корупцијата, а со тоа и директно влијае врз зголемувањето на перцепцијата/видливоста на истата таа корупција, чие лице и „слика и прилика“ е минатата власт. Да, дури и битката со корупцијата, ја зголемува свесноста/перцепцијата за неа. Она, кога сфаќате какви се’ не глупости правеле Заевци и Ковачевсци, зачинети со Грубиевци и Ахметовци…

Велат, за да се види вистинската перцепција на граѓаните во РМ потребна е друга анкета која ќе гласи: Дали сметате дека е зголемена битката и справувањето со корупцијата во Македонија? Или, уште појасно: Која, според вас, е покорумпирана влада – Заев/Ковачевски или оваа на Мицкоски?

Резултатите и одговорите, се повеќе од јасни. Веројатно, ќе ги разберат дури и оние на кои најчесто мора да им се изџвакаат и да им се нацртаат работите – партијските опозициски наригачи, стрвинари и медиумски бапчорки кои во моментот шират лажни вести и наголемо го злоупотребуваат индексот и падот на листата на Транспаренси.

„Ниско, пониско, СДС…“ се шегуваат граѓаните по социјалните мрежи.

 

To top