Македонија ухмр

Облачно со повремен локален дожд, идната недела снег

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Облачно со повремен локален дожд, идната недела снег

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, а во југозападните делови од земјава ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд.

На почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Најнови вести од Македонија

To top