Николоски: Првпат по шест децении се обновува инфраструктурата, ова ќе остане запишано во историјата на Македонија

На увид сме на два значајни проекти. Првиот, кој се однесува на товарниот превоз, срцето на железничкиот сообраќај во Македонија, е од исклучително значење, имајќи ја предвид географската позиција на државата, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.