Македонија се очекуваат слични активности и во другите општини

Николоски: Поевтини станови во Битола, владата усвои одлука истите да се продаваат по реални цени

На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени, со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!, објави на социјалната мрежа на Фејсбук вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Николоски: Поевтини станови во Битола, владата усвои одлука истите да се продаваат по реални цени

ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА БИТОЛА!

На денешната седница на Влада усвоивме одлука со која становите што ги гради ЈП за станбен и деловен простор ќе се продаваат по реални цени.

– 65 стана ќе се продаваат по 1000 евра за метар квадратен

– 11 дуќани по 2000 евра за метар квадратен

– 71 паркинг место по 500 евра за метар квадратен

Со ова вршиме интервенција во пазарот за недвижности во Битола и запирање на лудилото на зголемувањето на цени на станови!

Очекувам исти или слични активности и во други општини во периодот што следи, пишува во својата објава Николоски.

To top