Македонија

Муцунски во посета на Холандија

Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ, и во тој контекст, натамошната холандска поддршка на македонската европска интеграција.

Муцунски во посета на Холандија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на утре, ќе оствари работна посета на Хаг, Кралство Холандија.

За време на посетата, Муцунски ќе има средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Каспар Велдкамп.

-Централни теми во разговорите ќе бидат напредокот, развојот и перспективите на севкупните билатерални политички и економски односи со Холандија, како и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ, и во тој контекст, натамошната холандска поддршка на македонската европска интеграција. Покрај ова, се очекува министрите да разменат мислења и за актуелни прашања поврзани со внатрешно-политичките состојби во двете земји, односите во Регионот на ЈИЕ и регионалната соработка, соопштуваат од Министерството.

Во Хаг, министерот Муцунски заедно со директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, пред холандски бизнисмени во Холандска агенција за претпријатија ќе ги презентираат инвестициските можности кои ги нуди нашата земја во функција на привлекување нови холандски инвестиции.

Најнови вести од Македонија

To top