Македонија активности на владата за повредените

Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три максимум четири недели, изјави Митева.

Митева: Се врши реконструкција во Општата болница во Кочани

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева и доктор Катерина Паниќ-Мирчовска в.д. директор на општа болница Кочани одржаа прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Митева информира за конкретни видливи активности што Владата и ги спроведува во Кочани, се со цел подобрување на условите за здравствена грижа и подигнување на стандардите за згрижување и рахабилитација на пациентите.

-Во моментов се одвива реконструкција на просторот на физикална медицина во кочанската болница со вкупна површина од 350 квадратни метри. Рокот за завршување на работите е предвиден во наредните три максимум четири недели, изјави Митева.

Митева ја информираше јавноста за текот на реконструкцијата.

-Работите започнаа со поставување на нови прозорци, целосно нова инсталација и нова водоводна и каланизациона мрежа. Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот. Поставување на комплетно нова вертикала на водоводната и канализационата мрежа која ги поврзува и горните оддели на физикална медицина, конкретно хирургија, гинекологија и неврологија. Порамнување и обновување на подот и поставување на нови врати, додаде Митева.

Особено важно е, што цениме како Влада и е потребно да се нагласи, е дека по долги години се оспособува хидранската мрежа кој беце целосно нефункционална и во тек е поставување на нов противпожарен систем, потенцира Митева.

-Ова не е само реконструкција, ова е јасен сигнал сека Кочани добива системска грижа, потанцира Митева.

Најнови вести од Македонија

To top