Македонија Влада

Митева: Одморалиштето на Пониква ќе биде завршено до крајот на оваа недела

Да го вратиме достоинството на секој човек, без политика, без сензационализам, со вистина и со грижа, потенцира Митева.

Митева: Одморалиштето на Пониква ќе биде завршено до крајот на оваа недела

-Како Влада продолжуваме со одговорно и транспарентно информирање за состојбите коишто се преземени и активности од страна на институциите, а коишто се однесуваат на грижата на сите погодени во трагедијата во Кочани, соопшти Марија Митева, портпарол на Владата на Република Македонија на денешната прес-конференција со доктор Катерина Мирчовска, директор на болницата во Кочани и доктор Гордана Герогиева.

-Во однос на Пониква која ќе биде рехабилитациски центар, сакам да ја информирам јавноста дека технички одморалиштето ќе биде завршено со оние минимални корекции до крајот на оваа недела, а оперативниот план е веќе во завршна фаза и засега е заземен став дека ќе се прави рехабилитацијата во групи и истата ќе трае по две недели, за ова повеќе ќе зборува доктор Катерина.

Институциите се тука, отворени и со јасна цел: да изградиме вистинска слика, заснована на факти. Телефонската линија која ја активиравме е само еден од начините на комуникација – покрај директниот контакт со повредените, коишто го имаат и во болницата, со работната група, но и со Министерството за здравство. Овие чекори за нас, не се само административна постапка. Ова е наша обврска, додаде во изјавата.

Да го вратиме достоинството на секој човек, без политика, без сензационализам, со вистина и со грижа, потенцира Митева.

Најнови вести од Македонија

To top