Македонија Министерство за одбрана

Мисајловски на сесијата посветена на новите политики на администрацијата предводена од Трамп

Мисајловски на сесијата посветена на новите политики на администрацијата предводена од Трамп

Министерот за одбрана Владо Мисајловски продолжува со важни средби.

-Во рамки на минхенската безбедносна конференција на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД за специјални мисии, Ричард Гренел заедно со министерот за надворешни работи и трговија, Муцунски, учествувавме на сесијата посветена на новите политики на американската администрација предводена од претседателот, Трамп, посочи Мисајловски.

-Од особена важност е да се слушнат пораките од Вашингтон, кои носат една нова поинаква реторика и која првенствено се залага за постигнување на мировно решение, за која се залагаме и ние како држава и членка на најголемиот политичко-воен сојуз во светот, истакна министерот за одбрана.

Најнови вести од Македонија

To top