Македонија Минхен

Мисајловски на средба со заменик на помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дејвид Бејкер

Разменивме мислења во однос на актуелните политики во поглед на регионалната и глобалната безбедност и разговаравме за модернизација и опремување на македонската Армија, нотраше во објавата.

Мисајловски на средба со заменик на помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дејвид Бејкер

Во рамки на моето учество на Минхенската безбедносна конференција, утрово остварив средба со заменик на помошникот на секретарот за одбрана на САД, Дејвид Бејкер, објави министерот за одбрана Бладо Мисајловски.

-Разменивме мислења во однос на актуелните политики во поглед на регионалната и глобалната безбедност и разговаравме за модернизација и опремување на македонската Армија, нотраше во објавата.

Од страна на Бејкер беше истакнат македонскиот придонес во поглед на безбедноста на балканскиот регион и источното крило на НАТО, потенцира тој.

Мисајловски присуствуваше и на средбата со премиерите на македонската и хрватската влада, Христијан Мицкоски и Андреј Пленковиќ на која се разговараше за развојот на меѓусебната севкупна соработка и поддршка во контекст на проширувањето на Европската Унија и влијанието на безбедноста на Балканот за континуиран развој на државите од овој регион.

Министерство за одбрана

Во текот на денешниот ден предвидено е министерот Мисајловски да учествува на работниот ручек на покана на својот германски колега Борис Писториус и ќе учествува на покана на специјалниот пратеник на претседателот на САД, за специјални мисии, Ричард Гренел на сесијата посветена на новите политики на американската администрација.

Минхенската безбедносна конференција е годишна конференција на која учествуваат лидери и носители на одлуки од целиот свет и на која се водат дебати за прашања во однос на меѓународната безбедносна политика. Целта на оваа безбедносна конференција е воспоставување дијалог и градење доверба со цел мирно решавање на конфликтите.

Најнови вести од Македонија

To top