Мисајловски: Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, институциите ја следат состојбата во регионот

Министерот за одбрана Владо Мисајловски оцени дека безбедносната состојба во Македонија е стабилна и дека институциите внимателно ја следат состојбата во регионот и пошироко, особено поради актуелните геополитички случувања.