Македонија ЧИСТ СПОРТ, ЗДРАВО ОПШТЕСТВО

Министерството за спорт со цврста заложба против употребата на недозволени стимуланси за постигнување подобри спортски резултати

Министерот за спорт ја потенцираше заложбата за чист спорт и здраво општество, нагласувајќи дека ова е само прв чекор кон таа цел.

Министерството за спорт со цврста заложба против употребата на недозволени стимуланси за постигнување подобри спортски резултати

„Како Министерство за спорт ќе се залагаме и ќе промовираме чист спорт во сите сегменти и ќе стоиме цврсто во борбата против употребата на забранети материи за постигнување добри резултати“.

Ова го истакна министерот за спорт Борко Ристовски на денешната прес конференција на скопскиот аеродром организирана по акцијата на Царинската управа со која е спречен меѓународен канал на нелегална трговија со анаболични стероиди чие производство, продажба и употреба е строго забрането со закон.

-Акцијата на Царинската управа и оваа заплена на недозволени супстанци е од круцијално значење, во сите сегменти на спортот. Можеби се работи за малку различна сфера и различен дел од спортот со кој јавноста и не е толку запознаена, но ние како Министерство за спорт ќе стоиме цврсто на патот на допингот, ќе стоиме цврсто на патот на малверзации и користење на недозволиви супстанци за постигнување подобри резултати во спортот. Како министерство за спорт сакаме да промовираме чист спорт во секоја смисла на зборот,  изјави Ристовски.

Министерот за спорт ја потенцираше заложбата за чист спорт и здраво општество, нагласувајќи дека ова е само прв чекор кон таа цел.

-Мораме да го исчистиме спортот, најпрво од вакви нелегални и недозволени супстанци кои даваат лажен спортски резултат, а понатаму и во сите други сегменти. Ова е само еден мал чекор кон создавањето чист спорт и здраво општество. Изразувам честитки за директорот на Царинската управа, Бобан Николовски за заплената на недозволените средства и честитки за сите што учествуваа во оваа акција за сето она што го прават. Ова нека биде една заедничка јавна порака до сите чинители во спортот – ова е само еден почеток во градење на здрав и чист спорт, истакна министерот Ристовски.

Во акцијата на Царинската управа запленети се 32 кутии со 192 килограма анаболични стероиди со вредност од 5,5 милиони денари, штетни по здравјето на граѓаните, а до сторителите е поднесена кривична пријава.

Станува збор за Оxanaboilic и Metanabol за орална употреба, како и Testec, Testen и Sustamix за инјекционална употреба.

За акцијата на македонската Царина добиено е и признание од Светската антидопинг агенција.

To top