Македонија Инвестиции за најмладите

Мицкоски: Започна изградба на детска градинка во Општина Ѓорче Петров, како Влада ќе подржуваме изградба на вакви инвестиции

Нека има што повеќе дечиња, нека има што повеќе вакви објекти, ние како Влада ќе работиме да овие објекти станат реалност, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Започна изградба на детска градинка во Општина Ѓорче Петров, како Влада ќе подржуваме изградба на вакви инвестиции

„Секогаш кога ќе се почнуваат вака убави работи, секогаш за мене претставува тоа посебен ден и посебен момент и чест да бидам дел од сето тоа. Овде во Општина Ѓорче Петров веќе во неколку наврати во последниве недели отпочнуваме вакви активност, капитални објекти, како што и оваа детска градинка. Тука нема да се застане, ќе се продолжи во периодот којшто следи“, изјави Премиерот Христијан Мицкоски.

Влада

-Дозволете ми оваа прилика да ја искористам да му честитам на градоначалникот, на советниците коишто ја подржуваат работата на градоначалникот, се разбира администрацијата во Општината без која можеби и сето ова и не би било така како што е сега, бидејќи тоа и многу важно во овој процес, посочи Мицкоски.

Влада

Тој додаде, исто така би сакал да им честитам на пратениците коишто доаѓаат од Општина Ѓорче Петров, на членовите на Владата коишто овозможуваат овие проекти заедно со Општината да бидат реалност. И се разбира да им посакам на граѓаните уште еден ваков набргу објект овдека да никне, да има повеќе дечиња и да можеме да се радуваме на повеќе вакви објекти, на повеќе дечиња да ги користат тие објекти.

Влада

„Така што еве навистина посебен момент и нека и за дарлија и нека има што е можно повеќе вакви објекти. А за техничките детали не би зборувал, тоа го кажа веќе градоначалникот за да не се повторуваме. Нека има што повеќе дечиња, нека има што повеќе вакви објекти, ние како Влада ќе работиме да овие објекти станат реалност, изјави Мицкоски.

Влада
Влада
Влада
Влада
Влада
Влада
To top