Македонија македонија

Мицкоски: во Јегуновце се реализираат проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните, ќе продолжиме како влада да реалоцираме средства за проекти затоа што единството меѓу владата и граѓаните е силно и нема да не спречат некои со обидите за раздор и подметнувања

Навистина можа да кажам дека денеска овде во општина Јегуновце присуствуваме на неколку локации каде што се гледа дека се реалзираат проекти кои што се со цел да го подобрат квалитетот на животот на луѓето коишто живеат во општина Јегуновце, рече Мицкоски од Јегуновце.

Многу инспиративно делува ова што градоначалникот го кажа, но и она што го прави. Јас би сакал посебно да му се заблагодарам нему за посветеноста, енергијата и мотивот кои што ги има. Да се заблагодарам на советниците во општината кои што ја подржуваат неговата работа, администрацијата се разбира, пратениците од полошкиот регион кои што секогаш се тука, нормално да помогнат и нормално на граѓаните на општината Јегуновце кои што ја даваат поддршката за сето ова коешто се планира да се реализира. Како Влада ќе продолжиме и во иднина да подржуваме , да реалоцираме средства за проекти кои што ќе имаат за цел да го подбрат квалитетот на животот на жителите на целата територија на Македонија. И она кое што го зборувавме целиот овој период веќе зафаќа корени и почнува на дело да се применува. Еве веќе шести месец откако сме избрани како Влада, пет цели месеци и некоја недела. Сите оние суштински би рекол, носечки ветувања кои што ги ветувавме за мандат од четири години можам да кажам дека во првите половина година од мандатот се реализирани; повисоки пензии, повисоки плати во образованието, за здравствените работници, реалокација на средствата итн. итн. Сега да не се повторувам. Ќе продолжиме и понатаму така да функционираме. Сите оние кои што мислат дека со интриги, со подметнувања , со раздор, со поделби ќе можат повторно да се вратат на политичката сцена, се лажат. Единството помеѓу оваа Влада и граѓаните е толку силно што природно ќе ги отфрли таквите сили кои што сакаат да не враќаат назад на оние темни сеништа во минатото, истакна Мицкоски.

Јас можам само да им порачам да продолжат да тонат во своето политичко мочуриште, а ние како Влада заедно со граѓаните ќе се бориме за нашата единствена и заедничка татковина, Македонија, додава Мицкоски.

To top