Македонија

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари, одговори премиерот, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски посочи дека ветување за покачување на пензиите ќе биде реализано побрзо од ветеното.

-Ние ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат линеарно зголемени за 5.000 денари тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци, кажа Мицкоски.

Во однос на кога ќе поминат измените во законот за Законот за пензиско и инвалидско осигурување премиерот кажа дека првото зголемување треба да пристигне со септемвриската пензија.

-Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со Буџетот, па и понатаму може да имаме пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн, итн. Така што очекувам најскоро од кога ќе почне да функционира парламентот да помине овој Закон и веќе септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите, зголемена за 2.500 денари, рече премиерот Мицкоски.

To top