Македонија се бара решение за проблематичните наследени проекти

Мицкоски очекува до првата половина на 2029 да се заврши автопатот Гостивар-Букојчани

Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека очекува автопатот да биде завршен до крај на 2028 или првата половина 2029 година.

Мицкоски очекува до првата половина на 2029 да се заврши автопатот Гостивар-Букојчани

Активностите се во тек за изградба на автопатот Кичево-Гостивар. Проектот од Букојчани до Кичево ќе биде финансиран со заем од Европската банка за обнова и развој, кредитот е околу 130 милиони евра, a 20 милиони е грант компонента.

Ова денеска го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој посочи дека очекува автопатот да биде завршен до крај на 2028 или првата половина 2029 година.

-Таа делница започнува од Гостивар до Букојчани. Тоа е проектот на компаниите Бехтел и Енка. Потоа има секција која е од Букојчани до Кичево која треба да ги поврза делниците Гостивар-Букојчани од овој проекти и т.к.н. кинески проект на Синохидро од Кичево до Охрид, со што ќе добиеме комплетно нова автопатска делница до Охрид, истакна Мицкоски.

Посочи дека миразот кој им го оставил претходната влада е делот од Требеништа до Ќафасан кој е дискутабилен.

-Тој дел влегува во периметарот заштитен со УНЕСКО. Проектите ќе ги завршуваме, а за оние кои се проблематични како овој, ќе бараме решение.

Најнови вести од Македонија

To top