Македонија македонија

Мицкоски: Наследивме катастрофална состојба со субвенциите, но веќе се консолидиравме и повеќе нема да има каснење како порано

Што се однесува до тој дел од општеството катастрофална и алармантна беше состојбата, но се консолидира. Не велам дека е идеално. Но знам дека редовно тече исплатата на субвенциите, рече претседателот на владат, Христијан Мицкоски.

Знам дека сега интервентно се исплатени околу 140 милиони денари за луѓето кои што одгледуваат пченица. И мисалм дека на тој начин полека но сигурно колку можеме да помногнеме, помагаме. Дали е доволно? Не е, требе уште! Но истовремено сум убеден дека во периодот кој што следи ќе има уште помош во таа насока. Нема да има повеќе доцнење, сето она кое порано било долгови се трудиме да го вратиме, 3.2 милијарди денари беше долгот кој што го наследивме по основ на неисплатени субвенции од претходните години. Приближно половина од тој долг е сервисиран, очекуваме 25-30 проценти во следниот буџет да биде регулиран. И веќе во 2026 да имаме една нормална состојба и да немаме веќе доцнење, истакна Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top