Македонија ВЛАДА

Мицкоски: Ги укинавме економските директори, обезбедивме раст на плати на здравствени работници

Нашата цел е и ставање ред во здравството и ефикасни услуги достапни за граѓаните, подвлече премиерот.

Мицкоски: Ги укинавме економските директори, обезбедивме раст на плати на здравствени работници

Како што ветивме, ги укинавме нефункционалните економски директори во јавните здравствени установи. Отворивме постапка за вработување на 600 млади специјализанти во здравството. Го зголемивме капитациониот бод на матичните доктори, гинеколози и стоматолози. Обезбедивме раст на платите на здравствените работници и соработници во јавните здравствени установи, истакна премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното обраќање по повод една година од Владата, под слоганот „Доаѓа времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените“.

– Нашата цел е и ставање ред во здравството и ефикасни услуги достапни за граѓаните, подвлече премиерот.

Тој потсети и на проширената Позитивна листа на лекови, реновирани здравствени објекти и клиники, како и на набавената современа медицинска опрема.

– Во делот на животна средина, овозможивме низа мерки. Изработивме планска програма за почист воздух 2025 – 2030 за долгорочни мерки и решенија каде се опфатени сите важни аспекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и постои системски приод што гарантира резултати на краток, среден и долг рок. Одобрени се 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина. Обезбедивме 10 милиони евра за замена на системи за греење со еколошки во Скопје, Битола, Куманово и Тетово. Работиме на подобрување на водната инфраструктура на општините преку 50 милиони евра. Обезбедивме 55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи за управување со цврст отпад во пет региони со изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер-станции и центри за рециклирање, додаде премиерот.

Најнови вести од Македонија

To top