Државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, доби шанса како никој негов претходно што немал, еве петти, шести месец веќе, иако ние имаме комотно мнозинство кога сакаме да го разрешиме од таа позициј, ние не правиме исто што и СДСМ во 2017 година по секоја цена да го разреши државниот јавен обвинител и на тој начин политички процеси да покрене против тогашната опозиција, рече претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
-Ние одлучивме да бидеме над таа ситуација, да размислуваме надвор од политичката матрица и да дадеме шанса. Што добивме? Добивме стотици истраги и процеси и обвинители кои што кога треба да стават потпис на налог за увид, за претрес, за лушување од слобода, или добиваат наеднаш грозница и покачена температура, грчеви во стомак и диареа или се трудат на било кој начин да го опструираат процесот. И навистина на граѓаните трпението им е при крај, но и нашето, истакна Мицкоски.