Утре во Скопје ќе се одржи протестен „Марш за ангелите“ што го организираат семејствата на загинатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани.
Маршот ќе почне пред Oбвинителството во Скопје во 12 часот и 5 минути, како симболика за задоцнетата реакција на институциите, ќе продолжи кон плоштадот „Македонија“ и ќе заврши пред Собранието.
Во повикот тие нагласуваат дека и понатаму ќе бараат одговори за насилната смрт на нивните деца, а за учество на маршот ги повикуваат сите граѓани на Македонија.