Јавното претпријатие за државни патишта се грижи и издвојува средства и за рехабилитација на регионалните патни правци во Единиците на локалната самоуправа, односно општините, истакана директорот на ЈПДП Коце Транајновски.
-Во таа насока годинава преку Програмата на ЈПДП за одржување на државните патишта за 2025 година, за регионалните патни правци кои транзитираат низ општините Гази Баба и Петровец планирани се 40 милиони денари за рехабилитација на најоштетените делови на делницата Маџари-Идризово-Петровец каде што активностите се отпочнати и се во тек, потенцира во објавата Трајановски.
Тој додаде дека, моментално работиме во делот на општина Петровец и токму затоа денес заедно со градоначалникот Борче Митевски и пратеничката Марија Петрушевска извршивме увид во градежните активности.
Паралелно со започнатите активности во Општина Петровец за санацијата на регионалниот пат се одвиваат и активности за чистење на одводните канали од двете страни на коловозот долж патниот правец Јурумлери-Петровец, нотира Трајановски.
Овие активности се одвиваат и ги изведува Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонијапат) по налог на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Наскоро ќе започнеме и со рехабилитација на коловозот низ Горно Коњаре каде што проектираната вредност на работите за санацијата на овој патен правец е предвидена да изнесува 6 милиони денари, потенцира во објавата директорот Трајановски.