Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи свеченост на која ќе се одбележат 110 години од загинувањето на македонскиот револуционер и војвода Јане Сандански и патрон на касарната.
Како што соопштија од Касарната, на свеченоста се очекува да присуствуваат командантот на 1.пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, градоначалниците на Штип Иван Јорданов, на Виница Миле Петков, на Македонска Каменица Димчо Атанасовски и на Зрновци Борчо Коцев.
Ќе бидат присутни и директорите на јавните претпријатија „Исар“ и „Стипион“, директорите на СОУ „Јане Сандански“, СОУ „Коле Нехтенин“, ОУ „Ванчо Прќе“, претставници од СВР-Штип, од Сојузот на борци Штип…
Свеченоста ќе биде збогатена со читање рецитал за ликот и делото на Јане Сандански од страна на учениците од Едукативен центар „Dora’s House“ под менторство на Елена Митева, изведба на мелодии од страна на хорот Шчипјани и изведба на музички композиции на учениците од ДМУЦ Сергеј Михајлов Штип.