Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Изразуваме длабока разочараност, што СДС не смогна сили да испрати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

Изразуваме длабока разочараност, што СДС не смогна сили да испрати честитка по повод Денот на македонската револуционерна борба

ВМРО-ДПМНЕ изразува длабоко разочарување од односот на СДС кои денес не најдоа елементарна државничка сила да испратат честитка до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, велат од партијата.

-Овој потег на СДС покажува целосно непочитување кон историските вредности и борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Каде е СДС да го честита празникот, или можеби и натаму Венко Филипче размислува како претходниот Зоран Заев дека Бугарите биле администратори, а дека македонскиот јазик не постои? Дали навистина СДС сметаат дека македонската држава се создала без никаква борба и жртва како што тврдат во Бугарија и како што кажа Заев, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„За разлика од СДС, ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на одржувањето на овие свети идеали и на чувањето на македонскиот идентитет и национално достоинство.

Ги повикуваме граѓаните да се обединат околу вредностите кои нè поврзуваат и да продолжат да ја слават борбата за слободна и суверена Македонија, бидејќи револуционерниот дух е жив и борбата за нашата татковина продолжува“.

To top