Македонија ојо

Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник

Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите, стои во соопштението од ЈО.

Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против две полнолетни лица, татко и син, осомничени за кривично дело насилство, како и против еден малолетник, согласно Законот за правда за децата, поради брутален напад врз маж во селото Батинци.

Според обвинителството, 41-годишниот татко, заедно со своите синови – едниот 18-годишен, а другиот 15-годишен, дошле пред домот на оштетениот и започнале да му се закануваат поради претходна расправија со малолетниот син.

-Во еден момент, почнале да го удираат со клоци и тупаници по главата и целото тело, од кои удари оштетениот паднал на земја. Додека лежел на земјата, детето го удирало и со камен, па оштетениот се здобил со тешки телесни повреди – фрактури и други тешки повреди во главата и телото. Сопругата на оштетениот паднала врз него за да го заштити од дополнителни удари, а притрчале и нивните деца и соседите, стои во соопштението од ЈО.

Со дејствијата на насилство, малтретирање, грубо навредување и загрозување на сигурноста, како што дополнуваат, осомничените предизвикале чувство на несигурност и страв и кај членовите на семејството на оштетениот и во јавноста.

Поради сериозноста на делото, јавниот обвинител побарал определување мерка притвор за полнолетните осомничени, додека за малолетникот се води постапка согласно Законот за правда за децата.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top