Македонија седница на совет

Ѓорѓиевски: Посветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи

осветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи.

Ѓорѓиевски: Посветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи

Советот на Град Скопје на денешната седница го усвои ребалансот на Буџетот со кој средствата се зголемуваат за дополнителни 166 милиони денари, наменети за нови капитални инвестиции во градот. Од Град Скопје информираат дека зголемувањето на буџетот е резултат на домаќинско и одговорно работење, без нови задолжувања.

Со ребалансот е предвидена изградба на нов кружен тек во близина на Народната банка на Република Македонија, со цел подобрување на сообраќајната проточност на една од најоптоварените сообраќајни точки во градот.

Паралелно, Град Скопје ќе започне и со изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Проектот предвидува околу 500 нови паркинг места и инвестиција од околу три милиони евра, со што се очекува значително да се намали долгогодишниот проблем со паркирањето во клиничкиот комплекс.

Од Градот посочуваат дека институцијата ќе биде задолжена за проектирање, изградба и управување со гаражите, со цел да се избегнат дополнителни поскапувања на паркингот за граѓаните.

Ребалансот предвидува и инвестиции во образованието, преку поставување топлотни пумпи во училиштата со што ќе се елиминира греењето на нафта, како и поставување фотоволтаици, санација на училишни дворови и нова урбана опрема.

Од Град Скопје нагласуваат дека со овие инвестиции се подобрува инфраструктурата, се унапредуваат условите во образованието и се создаваат подобри услови за живот за граѓаните на Скопје.

♥️ Посветено за Скопје – нов кружен тек кај НБРМ и две монтажни катни гаражи

🫡 Денес, на седницата на Советот на Град…

Posted by Орце Ѓорѓиевски – Orce Gjorgjievski on Thursday, March 12, 2026

Најнови вести од Македонија

To top