Македонија парите од британија за филипче се сомнителни?!

Филипче со признание: Партиската книшка вреди повеќе од факултетска диплома!

Во наплив на Фројдовиот комплекс, Филипче призна како тие си „работеле“ како влада, па затоа мисли дека сите по аналогија го прават тоа истото: „Напредок преку заслуги, а не преку партиски врски.“, требаше само да додаде, КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СДС/ДУИ…

Филипче со признание: Партиската книшка вреди повеќе од факултетска диплома!

Требаше да дојдат во опозиција, за да признаат. Ова е најкусиот опис на денешната изјава на златновизашот и претседател на СДСМ, Венко Филипче, кој не одговори дали подарок на џип од 130 илјади евра е легитимен за актуелен функционер, но затоа  ја критикуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ за кредитите (унгарски и британски) кои од рака тресејќи ги заокружи на 7 милијарди евра.

Што знае лидер што се 500 милиони евра, нели? Особено кога добивате подароци од 130.000 евра и имате 550.000 евра за инвестиција за да добиете златна виза за Дубаи…

На трибина организирана од СДММ, претседателот на  СДСМ, Венко Филипче испрати пораки до младите од СДСМ, критикувајќи ја актуелната власт дека не создавала опции за младите и нивната иднина во државата.

„Страшно ми е што вие, па дури и вашите неродени деца, ќе враќаат седум милијарди евра земени на сомнителен начин.  Луѓето сакаат средена држава, чиста околина, напредок преку заслуги, а не преку партиски врски,” кажа Филипче, директно и повторно ругајќи го Договорот за стратешко партнерство со Велика Британија, со нови обвинувања дека Обединетото Кралство, ни помалку ни повеќе ни дава сомнителни средства, преседан во македонската историја за еден „прозападен“ лидер на партија, особено безрбетната СДС која има историско миље да потценува и плука по се’ што е македонско и да велича се’ од страна. Оикофобија е вистинскиот термин за кафеавите сахиби од Бихаќка.

Во наплив на Фројдовиот комплекс, Филипче призна како тие си „работеле“ како влада, па затоа мисли дека сите по аналогија го прават тоа истото: „Напредок преку заслуги, а не преку партиски врски.“, требаше само да додаде, КАКО ВО ВРЕМЕТО НА СДС/ДУИ…

Најнови вести од Македонија

To top