Македонија наткаст на курир.мк

Дурмиши: Нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, построги услови за лиценца и редефинирање на работата на инспекторите

-Целта ни е угостителските објекти да функционираат безбедно со максимална заштита на здравјето и живото на луѓето кои што ќе ги посетат угостителските објекти, потенцира Дурмиши и истакна дека во рамки на ова и во насока на оваа работа Владата е во првата фаза на отпочнување на проект заедно ео ЕУ,  кој што ќе трае минимум една година и чија цел е донесување на нов закон кој ќе се хармонизира или усогласи со Законот за угостителски објекти кој е во сила во европските земји.

Дурмиши: Нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, построги услови за лиценца и редефинирање на работата на инспекторите

Владата подготвува нов закон за поголема безбедност во угостителските објекти, кој претполага построги услови за добивање лиценца и редефинирање на работата на инспекторите, откри во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кој открива и дека македонските  ќе се усогласат со европските закони за угостителски објекти.

-Трагичниот настан во Кочани ни покажа дека безбедноста во угостителските објекти мора да биде приоритет. Во таа насока работиме и овие денови доставен е до влада новиот Закон, каде што се предвидуваат построги и поригорозни критериуми за давање на лиценца и редефинирање на надлежностите на инспекторите, кои ќе мораат на терен да утврдуваат дали се исполнуваат минималните технички услови или не и да преземат одговорност и да не известат дека – „Да, сме биле на терен и странката ги исполнува минималните технички услови“, па понатаму ние да продолжиме со процедурата, посочи минситерот за економија и труд во поткастот на КУРИР.

To top