Вчера, (11.03.2026) во просториите на Министерството за внатрешни работи од страна на Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје Горанче Савовски и Шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ Едвард Андерсон беа доделени сертификати на учесниците на Сертифицирана програма за обука за неутрализација и деактивација на мало и лесно оружје.
Обуката се спроведуваше како активност во рамките на проектот „Поддршка на националните власти на Република Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“ кој се имплементира со поддршка од страна на Мисијата на ОБСЕ.
Претседателот на Националната комисија за мало и лесно оружје и државен советник во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи Горанче Савовски истакна благодарност за реализацијата на оваа обука и целокупната соработка која се одвива со Мисијата на ОБСЕ и проектниот тим, при што потенцираше дека преку овие активности се зајакнуваат капацитетите на припадниците на Министерството за внатрешни работи во делот на професионални знаења и вештини, овозможувајќи им на вработените да се стекнат со практични искуства релевантни за нивното секојдневно работење.
Од страна на шефот на Одделот за сигурност и поддршка на заедниците при Мисијата на ОБСЕ Едвард Андерсон беше потенциран фактот дека преку заедничка соработка успешно се реализираат сите активности предвидени во рамките на проектот, при што се заблагодари на Министерството за внатрешни работи и учесниците на обуката за вложениот труд во целокупниот процес на обуката.
Доделување на сертификати на учесниците на Сертифицирана програма за обука за неутрализација и деактивација на мало и…
Posted by Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme on Thursday, March 12, 2026