Македонија ВМРО-ДПМНЕ

Денот во 60 секунди: Потпишан е Договорот со Обединетото Кралство, започнува официјална примена на новиот Закон за енергетика

Денот во 60 секунди: Потпишан е Договорот со Обединетото Кралство, започнува официјална примена на новиот Закон за енергетика

Николоски го потпиша Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, Македонија добива пет милијарди фунти за реализација на капитални проекти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од 1-ви јули започнува првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто, компаниите ќе добијат поддршка и фер услови усогласени со европските.

Новиот Закон за енергетика е објавен во ,,Службен весник“, започнува официјална примена.

Пуштен во употреба новиот пат во општина Желино, во фокус на Владата е подобар животен стандард за граѓаните.

Македонија се трансформира“ – наведуваат од владејачката партија во своето видео „Денот во 60 секунди“.

Најнови вести од Македонија

To top