Македонија државни Партиски пи-арџии

Дефокус: Село гори, а ОЈО се чешла и занимава со фасади од Скопје 2014-та

Во време кога десетици случаи за тешки проневери на власта на СДСМ/ДУИ им стојат по фиоките, исто како што прашина веќе фаќаат  и сериозните наводи дека е следена опозицијата и нејзниот лидер со потесното раководство, уште посимптоматично дента кога почина Игор Југ, чија судбина ја зацрнија Обвинителството на Русковска и „судењето“на Кацарска, а на тапет се СДСМ и проневерите на Пеце Мирчески во СОЗР, така „случајно“ ОЈО се занимава со случаи стари 12 години. Уште „послучајно“ се занимаваат со проекти од Скопје 2014-та, најчестото и најкористено средство за дистракција и дефокус на сега опозициската СДСМ. Премногу „случајности“ на едно место…

Дефокус: Село гори, а ОЈО се чешла и занимава со фасади од Скопје 2014-та

Во време кога десетици случаи за тешки проневери на власта на СДСМ/ДУИ им стојат по фиоките, исто како што прашина веќе фаќаат  и сериозните наводи дека е следена опозицијата и нејзниот лидер со потесното раководство, уште посимптоматично дента кога почина Игор Југ, чија судбина ја зацрнија токму Обвинителството на Русковска и „судењето“на Кацарска, ОЈО се занимава со случаи старицели  12 години.

Уште „послучајно“ ОЈО така случајно и „ничим изазваним“ токму денеска се занимаваат со проекти од Скопје 2014-та, најчестото и најкористено средство за дистракција и дефокус на сегаопозициската СДСМ.

Инаку, за сите што се чудат зошто токму сега е изваден од фиока овој случај стар 12 години, изваден е затоа што наводно осомничен е и тогашниот директор на СОЗР од владата на Груевски. Во принципот на релативизација, смут и ширење на мантрата „сите се исти“, тој директор треба да го оправда седум-годишниот директор на СОЗР на СДСМ (миленик на Заев и Ковачевски), Пеце Мирчески, кој е фатен во криминал „до гуша“ со десетици тешки криминали и малверзации. Наводниот криминал на претходниот директор треба да го покрие и минимизира криминалот на оној на СДСМ. Велат, ова е вест од рубриката „повикај го пријателот“. СДСМ во небрано, љагата голема, па се јавиле/повикале во ОЈО. Класика.

Резултатот е повеќе од очебиен. Ако не верувате, видете ги медиумските одгласи на медиумите на копче кои ликуваат со веста.

Симптоматично или не, поверојатно првото – На ден кога се бруи за криминалот на Мирчески, се менува Законот за безбедност во сообраќајот со прва јавна расправа со најава на премиерот Мицкоски за распуштање на Судски совет и нагласена потреба од преиспитување на сомнителните, благи пресуди во време на СДСМ во многу случаи како актуелниот со Фросина Кулакова (случаите на убиените Викторија, Гоце, Слободан…), на ден кога почина Игор Југ, наеднаш „работливото“ ОЈО објави дека во спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднеле Обвинителен акт против едно лице и Обвинителен предлог против четири лица инволвирани во изведбата на проектот за фасада и илуминација на зградата на Владата во 2013-та година.

„Обвинителниот акт се темели на докази од кои произлегува дека обвинетиот – управител на друштво за градежништво, трговија и услуги сторил кривично дело со дејствијата што ги преземал во период од февруари до април 2013 година, свесно ги повредувајќи ги прописите за постапката за доделување на договор за јавна набавка сторил кривично дело Злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство. Наводно, со намера нанеле значителна имотна штета на средствата на Буџетот на Република Македонија во износ од 184.015.304,00 денари.“ се вели во соопштението на ОЈО.

Не навлегуваме во детали дали случајот не е добро истражен или веродостоен, можеби е или не, тоа ќе си утврдат и потврдат други, но моментумот на негова објава токму денеска и во време кога ОЈО и судот постојано се прозиваат од актуелната влада е повеќе од симптоматичен. Искуството вели дека секоја сличност со „вистински“ ликови и настани е неслучајна и намерна…

 

 

Најнови вести од Македонија

To top