Македонија

Бојковска: Владата со поддршка за општините како никогаш до сега, во Зелениково одиме на убедлива победа заедно со Коста Маневски

Бојковска: Владата со поддршка за општините како никогаш до сега, во Зелениково одиме на убедлива победа заедно со Коста Маневски

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска денеска беше во Зелениково и од таму заедно со градоначалникот Коста Маневски порачаа дека и на претстојните избори ќе издвојуваат убедлива победа.

Бојковска нагласи дека со Владата веќе обезбедиле 500 милиони евра за општините од коишто од овој дел одат и за инвестиции во Општина Зелениково.

-Во Зелениково се гради градинка, се реконструира амбулантата, се градат пешачки патеки, се гради инфраструктурата. Се во интерес на граѓаните на Зелениково.

Како Влада силен фокус ставаме и на образованието. Конечно учениците имаат печатени учебници пред себе. Се издвојуваат овој пат средства и за конечна изградба на ФИНКИ и на ФФК зградите. И конечно инвестираме и во студентите. 250 евра за секој студент за набавка на електронски уред. И не застануваме тука. Јавниот превоз е нешто што најмногу ги задира приградските општини. Со овој ребаланс на Буџет веќе издвојуваме средства и за набавка на 120 автобуси кои што ќе бидат дел од јавниот превоз, посочи Бојковска.

 

Најнови вести од Македонија

To top