Македонија По подолго време, во позитива

Анкета: Конечно, Македонија се движи во позитивна насока, дупло помалку песимисти од мај 2024-та

Вкупната „негатива“ од сегашната анкета, заедно „негативна“ и „делумно негативна“, е 36,8 насто, што е скоро половина „негатива“ од анкетата на еминентната ИРИ од над 70% пред помалку од 5 месеци, факт кој доволно зборува за подобреното расположение и оптимизам на граѓаните со доаѓањето на новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Анкета: Конечно, Македонија се движи во позитивна насока, дупло помалку песимисти од мај 2024-та

По подолго време, Македонија се движи во позитивна насока, вели најновата анкета на ИПСОС. Според неа најголемиот дел од граѓаните или 25 насто мислат дека се движи во позитивна насока, 24,9% во делумно позитивна, во донекаде негативна 12,5%, а во негативна 24,3%.

Последните години немало анкета со повисока позитивна оценка наспрема негативната. Последните одеа и до  над 70% негативна оценка на граѓаните за насоката во која се движи државата, сето тоа под „водство“ на владите на Ковачевски и Заев.

Анкетата на ИРИ од 14 мај 2024 година покажа дека Македонците и Босанците се најнезадоволни од состојбата во своите земји. Над 70 отсто од испитаниците во двете земји во мај 2024-та рекле дека работите се движат во погрешна насока. Единствената друга земја што се движи во погрешна насока, според 52 отсто од испитаниците, е Албанија.

Вкупната „негатива“ од сегашната анкета, заедно „негативна“ и „делумно негативна“, е 36,8 насто, што е скоро половина „негатива“ од анкетата на еминентната ИРИ од над 70% пред помалку од 5 месеци, факт кој доволно зборува за подобреното расположение и оптимизам на граѓаните со доаѓањето на новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски.

Ова е последната анкета на на Ипис, направена со телефонски и теренски дел  – едната во периодот од 9-ти  до 13 октомври на 1500, а теренската од 1-ви до 20 октомври на 1005 испитаници.

To top