Македонија морално е, венко

АНАЛИЗА НА ОЧАЈОТ: СДСМ пуштени на најјако – Од тепање жени, клевети, лаги, лов во матно и „преки“ судови до не/правда кој ја тера нивни избраник

Влогот е преголем, СДС сфатија дека се пред распаѓање, а очајникот се фаќа за сламка. Овојпат, сламката ќе биде грозморна и се вика Кочани. Бескруполозните политиканти ќе излажат и оцрнат секого кој им стои на патот, злоупотребувајќи ги како и секогаш именките како ВИСТИНА, СЛОБОДА, ДЕМОКРАТИЈА, ПРАВДА и МИР, со полни усти за некаков РЕЖИМ, АВТОКРАТИЈА, ВМРОВИЗАЦИЈА, користејќи притоа се’ што ќе им дојде при рака, без скрупули, без никакви чувства, независно од болката и немирот кои ќе им ги предизвикаат на роднините на загинатите и повредените, без разлика на неаргументираноста и тежината на лагата во морбидниот наратив. Иако, поморбидно од тоа кочанската трагедија да ти биде СТОЛБ на кампања за локални избори и не може да биде…

Ги плаши истрагата за Кочани, во најава се нови имиња од нивните редови. Ги плашат и другите 100 истраги, имаат уплав што клопчето се одмотува и преку Вице се стига до Филипче преку Зобек, а преку нив и до Зоран, ги плаши Крмзов и она што тој може да го каже за да си ја спаси кожата. Влогот не е само СДС, влогот е слободата на Заевци и Филипчевци. Ова им е последна шанса, не бадијала Заев го намести Венко онаму каде е, отстапницата е крајно потребна.

АНАЛИЗА НА ОЧАЈОТ: СДСМ пуштени на најјако – Од тепање жени, клевети, лаги, лов во матно и „преки“ судови до не/правда кој ја тера нивни избраник

 

Панта реи, вели една стара грчка поговорка. Се’ тече, се’ се менува. Арно ама, Хераклит згрешил. Не поради друго, тогаш не постоеле СДС. Точно, светот, политиката и општеството се водени според „панта реи“, но СДС откокнува од тоа правило. Таму се’ е исто, само него (БЦ) го нема. Заев си е тука. Во Дубаи ли, на грчките плажи ли, битно гавазот Филипче му ја тера работата…

Не постои партија во Македонија која во текот на овие 34 години независност не сменила начин на дејствување и не ги следела токовите. Сите, „силом прилике“ ќе рече северниот ни сосед, го следеа времето и се осовременуваа, исто како и технологијата, медиумите, се’ „живо и диво“. Ако некогаш беше престиж да се има Комодоре 64, денеска најобичниот нов лап-топ е побрз и помоќен од НАСА современиците на Комодорето.  Да, и „Стојадин“ некогаш беше престиж и луксуз, за да денеска е само носталгично сеќавање на аутото кое ако некој плукнал на улица гаснеше поради лошата поставеност на разводната му капа. Арно ама, само СДС остана во Стојадин филмот, не според возниот парк туку според удбашкото дејствување и наративи.

Во комунизмот, најпопуларна алатка на службите, кои и тогаш како и сега СДСМ биле контра македонизмот, бил принципот на девалвација. Едноставно, по кооперациите ќе пуштеле „бубачка“ дека некој е таков и онаков, дека соработува со Русите, де со Американците, дека е хомосексуалец, па бил пијаница, му лепеле рачињата, наркоманиште низаедно бил пустиот, крадел пустел, женкариште ли. Сега, се’ е исто, наративот е идентичен, разликата е само што ова се лиферува од партиска или собраниска говорница. Рестото останува на кооперациите, да го прераскажат, дозачинат, да го прошират низ белиот ни свет и македонските сокачиња и биртии.

Стара финта, нова будала, вели народот. Старите финти се на СДС, а за будала го сметаа, го сметаат и ќе го сметаат народот. Небаре, сите пијат нафта, ништо не разбираат и без џваќање ќе голтнат се’ што Богданка или Филипчо ќе треснат, заедно со тие новите дечиња штотуку излезени од школските клупи, ѓоамити исфрлени од некоја матурска забава и „поплава“, со подочњаци лошо затскриени со шминка и растреперени гласчиња. Класична злоупотреба на деца, ѓоамити Хитлер во втората светска војна, та сега „омладината“ ќе ги пере гомнениците во кои партијата ја фрлија старите комуњари, Заевци, Ковачевци, Филипчевци и останата путер и бифтек банда со лепливи рачиња.

Некој, пак, си останал и со навиката да ги тепа противниците, како оној горопадниот и инфантилен советник на СДСМ во Кочани, кој кенкаше зошто не му го уважиле решението за одмор, а годината поради „партиски реваншизам“ СЕДУМ месеци бил на боледувања и цел МЕСЕЦ на одмор. Истиот фрлал со пластични шишиња, ама лошите вмровци во улога на алхемичари и магионичари ги правеле од стакло. а сиротата повредена жена, таа гарант лаже, затоа што Мицкоски така и рекол. Добра глума, за Оскар, мора да признаете. а онаа на Аки Акимов за Златна Малина. Срам, поајван советник досега не сме виделе. Ама, паниката си го прави своето, а доаѓаат локални, та некој повеќе нема да биде советник. Иако Венко, не Филипче, ќе направи се за да го испере тепачот на жени, каљајќи ги ВМРО. Оти тие, се криви за се’, секогаш…

Ловот во матно е исто така познат удбашки наратив во партијата за која ПАНТА РЕИ не важи. Лагите доаѓаат од „НЕ/вистината за Кочани“ за која веќе остро реагираа неколкумина засегнати и жигосани на безобразните и некрофилски прес-конференции на учителката Богданка и останатите нејзини ученичиња-сдсмовчиња од школските клупи. Заканите со тужби и најавите дека парите од СДСМ за тешките лаги ќе бидат донирани токму за семејствата на починатите и повредените во кочанската трагедија не ги засега надобудните сдсмовци. Влогот е преголем, ова за нив е ситуација „да се биде или не“ на македонската политичка сцена. А, старите кучиња не знаат да научат нови трикови. Така и СДС, ќе го прават само она што го знаат, ќе лажат, ќе корнат, ќе манипулираат, ќе девалвираат, ќе оцрнуваат, ќе деградираат, ќе анатемисуваат, ќе гребат, гризаат и удараат под пазуви. Та, што ако некој ги тужи? Ако не го прават она што единствено го знаат ќе немаат ниту еден единствен градоначалник дилајлите, така што се е оправдано…

И така, освен лажги со опашки, ќе гледате како без срам и перде довчерашните „пријатели“ и сопствените избраници ги жигосуваат и ставаат на тапет. Буквално и фигуративно, па Љупчо Коцевски се најде на ТАПЕТ зад Богданка и учeничињата, анатемисан дека сега пустиот соработувал со „оној лошиот“ Мицкоски. Евтини прикаски на кои и Тарантино би им подзавидел. Авторите на Алан Форд и Монти Пајтон, поверојатно, бидејќи ова стана партија која како Грунф да ја „склепал“ за 40 центи, а Сир Оливер (Заев) веќе ја продал за стотче. И не, не дека Коцевски конечно ја тера правдата, не дека чепка по нивните функционери извалкани и заглавени до гуша во криминал и корупција, никако. „Крив“ е што работи, најголемиот проблем и несоодветност за секој комуњар, најлоша можна особина која човек може да ја има, главен недостиг во фотороботот на еден човек во удбашките им досиеја. Замислете само, се дрзнал да работи, сочувај Боже, пу-пу-пу. Стави го на тапет, тролај, куди, клевети и  девалвирај, ама веднаш!

И сега, „шу прајме“, би рекле нивните шарени побратими и посестри кои се орни поддржувачи на грдите прикаски? Ништо посебно, подгответе се најгрдата и најморбидна кампања за кои и да е избори во македонската историја. Влогот е преголем, СДС сфатија дека се пред распаѓање, а очајникот се фаќа за сламка. Овојпат, сламката ќе биде грозморна и се вика Кочани. Бескруполозните политиканти ќе излажат и оцрнат секого кој им стои на патот, злоупотребувајќи ги како и секогаш именките како ВИСТИНА, СЛОБОДА, ДЕМОКРАТИЈА, ПРАВДА и МИР, со полни усти за некаков измислен и само ним видлив РЕЖИМ, АВТОКРАТИЈА, ВМРОВИЗАЦИЈА, користејќи притоа се’ што ќе им дојде при рака, без скрупули, без никакви чувства, независно од големината на болката и немирот кои ќе им ги предизвикаат на роднините на загинатите и повредените, без разлика на неаргументираноста и тежината на лагата во морбидниот наратив. Иако, поморбидно од тоа кочанската трагедија да ти биде СТОЛБ на кампања за локални избори и не може да биде…

Не верувате? Сетете се само дека вчера тврдеа дека Мицкоски ги земал парите од сметководствена фирма која ги „цицала“истите имагинарни и измислени во кујната на Бихаќка средства од сопствениците на Пулс. Што повеќе? На страна демантот и најавата за тужба од истата таа сметководствена фирма која даде аргументиран демант и најави тужба за СДС ако не се извинат, тие нема да застанат, ни под разно. Ги плаши истрагата за Кочани, во најава се нови имиња од нивните редови. Ги плашат и другите 100 истраги, имаат уплав што клопчето се одмотува и преку Вице се стига до Филипче преку Зобек, а преку нив и до Зоран, ги плаши Крмзов и она што тој може да го каже за да си ја спаси кожата. Влогот не е само СДС, влогот е слободата на Заевци и Филипчевци. Ова им е последна шанса, не бадијала Заев го намести Венко онаму каде е, отстапницата е крајно потребна.

Затоа, очекувајте поплава на грди, безмилосни наративи, урагани од морбидни лаги и фурија набрзинка склепани и тотално неаргументирани некрофилски клевети. Тоа е СДСМ, поинаку не знаат. Ги видовме на власт, како и разликата. Не дека ВМРО се толку добри, иако се гром, туку овие беа „скроз“ за греота, дунстери на секое поле, октроирани ќелепури со две леви раце за секоја можна работа, безрбетни неспособњаковиќи и дезертери со тапија.

Дали ова ќе помине или не, зависи од народот, кој ги исплаши самобендисаните мизантропи од Бихаќка со поселдната вистинска анкета на „Маркет вижн“ во која 52% од граѓаните јасно рекоа дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. А, тоа беше пред мега-поддршката од Британија. Сега се’ уште покатастрофа, та Филипче во немајкаде измисли дека имале анкета во која ВМРО биле со 100.000 гласа помалку, без автор, нарачувач, датум, број на испитаници. Веројатно, само проекција на сопствените стравови и минуси во гласови.  Страв куќа, а лага политичка фотелја чува, велат старите комуњари. Бадијала, прочитани се како селски буквар, та и онака се сведоа на членство од едно поголемо македонско село…

Партија во распад и на заминување, на која и Макијавели може вода да им носи. Со цистерни. Оти, МОРАЛНО Е ВЕНКО, нели. а што се мора, не  е тешко…

To top