Македонија Базенот наречен сон

Алфа: Затворениот базен во Охрид се гради речиси исто колку и автопатот – Ристовски најавува дека конечно ќе биде изграден

Извесно е дека ќе се бара нова фирма да го доврши базенот,а во меѓувреме,во тек е и ревизија која ќе утврди што и како се работело изминативе години. Евентуалното утврдување на недоследности,нема да помине неказнето.

Алфа: Затворениот базен во Охрид се гради речиси исто колку и автопатот – Ристовски најавува дека конечно ќе биде изграден

Министерството за спорт ја чешла работата на поранешната Агенција за млади и спорт, под лупа е изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид-на капитален објект вреден 5 милиони евра, кој започна да се гради пред 9 години се што се изградило, пропаѓа.

Министерот за спорт, Борко Ристески, веќе најави раскинување на договорот со економскиот изведувач,изработка на нов проект и проценка колку дополнително ќе треба да се инвестираат сретстава за доизградба на базенот.

Извесно е дека ќе се бара нова фирма да го доврши базенот,а во меѓувреме,во тек е и ревизија која ќе утврди што и како се работело изминативе години. Евентуалното утврдување на недоследности,нема да помине неказнето.

„Ревизијата ќе ни каже дали ќе има можност за кривична пријава.Ако ревизијата утврди  дека има можност за кривична пријава,бидете сигурни дека ќе  го направиме тоа”-рече Борко Ристески,министер за спорт

На објектот не само што со години не се работело,туку нема ни чуваска служба,а околниот простор е претворен во мини депонија.Она што е воочливо е дека приземјето од базенот каде што треба да бидат магацински простории е удавено во вода,а добар дел од алуминските лајсни од кровот се испаднати.

„Во затворениот пливачки базен повеќе од година, година и половна нема мајстори да работат на него.Конкретно од 2019-та имаше рок за изградба меѓутоа тој рок се проби,2020-та имаше исто така рок и тој рок се проби“, вели директорот на Ј.П “Билјанини извори” Теодор Андоноски.

И покрај ваквата очајна слика,последниот директор на Агенцијата за млади и спорт уверуваше дека базен ќе бил готов најдоцна до септември годинава.

„Газдата на фирмата која го доби 2015-та беше во притвор, му беа замрзнати сметките не можеше да извршува работи, се случи што се случи.Не знам како го објавиле тендерот, имавме проблеми со машинството.Машинството беше вода-вода, се покажа во нашите бушотини дека нема вода во Охрид, не постои долу вода и сега треба да го менуваме вода –воздух”- вели Наумче Мојсоски, директор на Агенција за млади и спорт (28.12.2023)

Инаку,затворениот пливачки базен почна да се гради во 2018-та година, речиси во исто време во автопатот Кичево-Охрид.Воцелиот комплекс според првичниот проектот требаше да има 2 базени,фитнес клуб, спа и велнес центар,игротека, продавница за спортска опрема,кафетерија, комерцијален и административен простор.

Најнови вести од Македонија

To top