Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ од Тетово вчера ја одржа првата активност за 2025 година – самостојна изложба на сликарката Лиридона Ѓука Богу од Косово. Изложбата е насловена „Визуелни звуци“.
-Овој посебен настан го одбележа почетокот на годината со импресивна комбинација на визуелна уметност и звуци, нудејќи мултидимензионално искуство за присутните. Со своите апстрактни пејзажи и емоциите што ги пренесе, Лиридона ја збогати регионалната уметничка сцена и ги инспирираше сите љубители на уметноста, информираат од Центарот за култура.
Кураторот на изложбата беше проф. Хајруш Фазлиу, а во организацијата на настанот учествуваа и уметничкиот директор Шпетим Селмани и кустосот Јасмина Крстоска.