Култура Република Во амбасадата во Пекинг

Одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“

Одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“

Во македонската амбасада во Пекинг денеска се одржа настан за одбележување на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, кој се празнува на 24 Мај.

Нашиот амбасадор во Пекинг Сашко Насев го истакна значењето на овој значаен празник за нас и за нашиот јазик, идентитет и култура, јави известувачот на МИА од Пекинг.

Студенти по македонски јазик од Универзитетот за странски студии во Пекинг ги рецитираа стиховите на Букви од Гане Тодоровски, Глаголица од Анте Поповски и Везилка од Блаже Конески, а ученици и професори од Меѓународното училиште Тсингуа и Британското училиште во Пекинг ги кажуваа стиховите на Т га за југ од Константин Миладинов, Ветрот носи убаво време од Ацо Шопов и Тешкото од Блаже Конески.

 

 

To top