Култура награда „Книжевен жезол“

Манифестација „Празник на липите“ и врачување на наградата „Книжевен жезол“ во ДПМ

По читањето ќе бидат доделени и наградите на тројцата победници на анонимниот конкурс што Друштвото секоја година го организира на оваа манифестација, а кој оваа година е тематски и се однесува на кратки книжевни форми, раскази и поезија „Помеѓу пејзажот и бетонот“.

Манифестација „Празник на липите“ и врачување на наградата „Книжевен жезол“ во ДПМ

Во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) денеска ќе се одржи традиционалната меѓународна книжевна манифестација „Празник на липите“, на која ќе биде доделена наградата „Книжевен жезол“ – годинава на македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски и на српската поетеса Радмила Лазиќ. Во рамки на манифестацијата е и книжевното читање „Празник на липите 2025“.

Како што информира ДПМ, пред врачувањето на наградите ќе биде претставено и изданието на „Книжевен жезол“, со одбрани песни од лауреатите на наградата, по што за поезијата на Славе Ѓорѓо Димоски ќе зборува поетот Зоран Јакимоски, а за творештвото на Радмила Лазиќ пригодна реч ќе одржи академик Катица Ќулавкова.

-Наградата на поетот Славе Ѓорѓо Димоски ќе му ја додели претседателот на Друштвото на писателите на Македонија, Живко Грозданоски. Кон свеченоста на настанот со своето присуство особено ќе придонесе претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, која е ревносен поддржувач на домашната култура, и која ќе ја врачи статуетката „Книжевен жезол“ на гостинката од Србија, наведува писателската асоцијација во најавата за настанот.

На литературното читање во рамки на вториот дел од „Празник на липите“, со избран дел од своето творештво ќе се претстават дваесетина поети и прозни автори, членови на Друштвото: Мирјана Тренчева, Владимир Мартиновски, Сузана Мицева, Јусуф Сулејман, Гордана Јовиќ-Стојковска, Милчо Мисоски, Искра Донева, Каљош Челику, Даниела Андоновска-Трајковска, Лулзим Хазири, Фима Клетникова, Борче Панов, Лејла Шериф Емин, Бранко Прља, Вања Изова-Велева, Дејан Трајкоски и Љубинка Донева.

По читањето ќе бидат доделени и наградите на тројцата победници на анонимниот конкурс што Друштвото секоја година го организира на оваа манифестација, а кој оваа година е тематски и се однесува на кратки книжевни форми, раскази и поезија „Помеѓу пејзажот и бетонот“.

To top