Култура ФСМ

Денови на македонската фотографија 2025 во КИЦ-Скопје

на настанот ќе се отвори изложба на наградените и примените фотографии и доделување на наградите во трите категории.

Денови на македонската фотографија 2025 во КИЦ-Скопје

Најстарата национална манифестација од областа на фотографијата, Денови на македонската фотографија 2025 (ДМФ) ќе се одржи по 63-ти пат во Културно-информативниот центар – Скопје, во организација на Фото сојузот на Македонија (ФСМ).

Како што соопштија оттаму, на настанот ќе се отвори изложба на наградените и примените фотографии и доделување на наградите во трите категории.

На настанот ќе бидат изложени 85 фотографии од 36 автори во двата салони што претставува своевиден пресек на фотографското творештво во Македонија во изминатата година.

To top